Баша го обвини премиерот Рама за насилно сценарио, тензиите се смируваат

Од:

Лидерот на опозициската дермократска партија, Љуљзим Баша, која ја предводи обединетата албанска опозиција, за ескалирањето на протестите со насилно однесување врз објектот на Владата го обвини премиерот Еди Рама за „добро органзирано сценарио“.

-Ова е застрашувачко сценарио на Еди Рама, за да ја донесе ситуацијата до оваа точка. Протестот започна многу мирно, со врачување цвеќе на полицајците, но тоа беше сценарио на Рама, да ја предизвика оваа ситуација, изјави Баша.

Тој не посочи краен рок кога и како протестот би можел да заврши и уште еднаш истакна дека премиерот Еди Рама треба да биде изведен пред лицето на правдата.

-Луѓето имаат право да протестираат и сами да одлучат колку долго ќе останат тука. Еди Рама сега требаше да биде пред лицето на правдата, а не во Валона, бидејќи мора да даде сметка за тоа што ја остави државата во рацете на криминалот, изјави Баша за Топ чанел.

Состојбата пополека се смирува,но демонстрантите се уште се пред Владата, каде полицијата фрла солзавец. Во обезбедувањето се вклучја и припадници на Националната гарда.

Симпаризери на албанската опозиција успеаја претходно, да пробијат полициски кордон пред зградата на Владата и се обидуваа да ги отворат вратите, каде се наоѓа кабинетот на премиерот Еди Рама. Демонстрантите бараат негова оставка. Поддржувачите на опозицијата се упатија кон зградата на паралментот откако претходно фрлаа со Молотови коктели и сигнални ракети.

Според последните информации повредени се најмалку десет лица меѓу нив и еден новинар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов