Баша бара ветинг и за политичарите, Рама согласен

Од:

Албанската опозициска Демократска партија покренува уставна иницијатива за проверка на потеклото на имотот и можна поврзаност со криминални групи (ветинг) и за политичарите.

Во партиското соопштение стои дека лидерот Љуљзим Баша ги посочил целите на платформата за, како што стои, ослободување на власта од криминалот.

– Нашата одлука е да ставиме крај на една политичка елита поврзана со криминалот и да ги ставиме политичарите поврзани со криминал, најпрво надвор од институциите, а потоа пред реформираното правосудство а не пред заробената правда, изјави Баша.

Според официјалното соопштение, ДП верува дека треба да се спроведе ветингот за политичарите и другите високи јавни функционери, а не само за судиите и обвинителите, како што е сега.

– Со законот, кој треба да биде изгласан по итна постапка, треба да бидат опфатени и пратеници, премиерот, министри, градоначалници… што сметаме дека е реална можност за почеток на ослободувањето на владеењето од криминалот, сметаат демократите.

Веднаш по објавувањето на предлогот на ДП, реагираше и премиерот Еди Рама, преку Твитер, искажувајќи подготвеност за оваа иницијатива.

-Ветинг за политичарите? Што побрзо! Со прочистено правосудство преку ветингот, во оваа земја ќе нема можност за политичарите да и избегаат на правдата. Секогаш сме подготвени да разговараме со ДП, напиша Рама.

Законот за испитување на потеклото на имотот и можната поврзаност со криминални групи, донесен од Парламентот важи за судиите, обвинителите и полицијата. Поради „не минување“ преку овој процес Албанија повеќе месеци е без Уставен и Врховен суд, а се соочува и со недотиг на обвинители и судии. Формулар за потеклото на имотот не поднесоа најмалку 500 полициски работници, кои потоа самоволно ја напуштија службата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија