Баросо: Користа за Хрватска од членството во ЕУ е голема

Од:

Членството на Хрватска во ЕУ нема да и ги реши сите проблеми, но земјите кои се приклучиле во Унијата пред неа постигнаа голем напредок во економските и социјалните односи и во реформите.

Истото тоа се случува во Хрватска откако таа поднесе барање за влез во ЕУ, изјави синоќа претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо за хрватската државна телевизија ХТВ.

– Користа од членството на Хрватска во ЕУ е голема, бидејќи како релативно мала држава таа ќе биде на исто ниво како и другите и ќе учествува во донесувањето одлуки, истакна Баросо.

Хрватска утре официјално ќе стане 28-та членка на ЕУ. Таа ќе биде првата земја која ќе влезе во Унијата по присоединувањето на Бугарија и Романија во 2007 година.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион