Бандити гаѓаат со камења и ограбуваат камиони на обиколницата крај Белград

Од:

Српската полиција трага по група бандити кои прво гаѓаат со камења камиони со странска регистрација што минуваат по обиколницата крај Белград, а потоа, кога камионите запираат, ги ограбуваат возачите, соопшти белградскиот весник „Блиц“.

Седум камиони од Србија, Бугарија и Турција се гаѓани со камења на оваа делница. Предизвикани се штети на предните стакла и прозорците од вратите на возилата, а возачите во целост минале со полесни повреди.

Само во текот на последната недела се извршени три идентични напади- гаѓање со камења, а потоа ограбување на возачите на камиони со странски регистрации.

По последниот напад, извршен на 21 април, нема повредени, а полицијата привела тројца малолетници, за кои се сомнева дека ги организирале нападите.

Полицијата, што трага по останатите од групата, смета дека повеќето се малолетни лица.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ