Бан: Конструктивни чекори во дијалогот Белград-Приштина

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги поздрави во својот редовен тримесечен извештај за ситуацијата на Косово „конструктивните чекори“ во рамки на продолжувањето на дијалогот Белград и Приштина, изразувајќи надеж дека тоа постепено ќе доведе до нормализација на односите и воспоставување траен мир во регионот.

Бан, во извештајот што се разгледуваше синоќа во СБ на ОН, наведе дека во претходниот период, од 16 јули до 15 октомври, се направени позитивни поместувања во настојувањата да се спроведат договорите постигнати во дијалогот со посредување на ЕУ, јави Танјуг.

– Ги поздравувам уверувањата на Белград и Приштина во поглед на нивната подготвеност и посветеност да го продолжат силното ангажирање во дијалогот, за да се решат спорните прашања по мирен пат и со цел одржување нивна заедничка европска перспектива, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак