Аврамопулос и Фабиус разговарале и за Македонија

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос со неговиот француски колега Лоран Фабиус зад затворени врати во Париз разговарале и за прашања кои се далеку од „симболичен интерес“ како што јавија медиумите, туку и за теми од суштинско значење, откриваат грчки дипломатски извори.

Зборувајќи за проширувањето на Европската унија, двајцата министри разговарале и за грчко-турските односи и за нашата земја, при што се сложиле дека ги поддржуваат кандидатите за членство доколку ги исполнуваат сите критериуми за влез во Унијата.

Особено бил нагласен „случајот на Скопје“ и условите што ги поставил Европскиот совет во декември за решавање на прашањето за името и целосно услогласување со принципите и слободите на Европската унија, јавуваат грчките медиуми.

Аврамопулос и Фабиус заклучиле дека голема можност за Грција претствува нејзиното претседателсто со Унијата во 2014 година „со кое земјата повторно ќе има шанси да ги истакне своите предности“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески