Апелативниот совет на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија издаде наредба лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, до 26 мај да биде вратен во затворот во Хаг, за Танјуг изјави заменик претседателот на Српската радикална партија, Милорад Мирчиќ.
На 6 ноември минатата година судскиот совет на Хашкиот трибунал, по 11,5 години минати во затворот во Шевенинген, одлучи Шешељ, заради неговата тешка здравствена состојба, привремено да го ослободи од затворот.
Со своето постојано провокативно однесување и изјави оттогаш тој на неколку пати предизвика гневни реакции од хрватските политичари.
На барање на Хашкото обвинителство, Апелативниот совет нареди повторно да се разгледа првичната одлука за привремено ослободување на Шешељ.