Анкета: Осум од десет Грци оваа година ќе ги намалат трошоците за греење

Од:

Осум од десет Грци се принудени оваа година да потрошат помалку пари за греење во споредба со минатата, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено пред почетокот на грејната сезона.


Анкетата на социолошката компанија „Паблик ишу“, која е спроведена по барање на грчката канцеларија на Светскиот фонд за природата, покажува дека високата цена на нафтата ги принудува Грците да ги намалат потребите или да бараат други алтернативи за затоплување.


Снабдувачите со гориво очекуваат намалување на продажбата оваа зима по зголемувањето на цените од 1,25 до 1,30 евра за литар, како резултат на зголемувањето на специјалната потрошувачка такса минатата година. Таксата се зголеми од 60 евра за 1.000 литри на 330 евра.


Поради тоа голем број Грци лани се затоплуваа со дрва, што доведе до појава на смог  и загадување на животната средина во најголемите градови во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски