Анкета: Една третина од Србите сами се лекуваат

Од:

Една третина од населението на Србија сами се лекуваат, пред се помладите, додека постарите лица бараат помош од лекар, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Нина медија“.

На прашањето зошто сами се лекуваат, 32,3 отсто од испитаниците изјавиле дека тоа е поради гужвите во амбулантите, 27,7 проценти поради недостиг на време, а 13,6 отсто истакнале дека не им веруваат на лекарите.

Висок е процентот на граѓани (30,6 проценти) кои во домашната аптека имаат лекови за нервниот систем, додека лекови за кардиоваскуларниот систем имаат 20,5 отсто, а суплементи за лековите имаат 19,2 проценти од испитаниците.

Резултатите покажуваат дека една третина од Србите имаат резерви на лекови за главоболка и за смирување, една петина за крвен притисок и болести на срце и речиси петтина има додатоци на лековите – витамини, чаеви и слично.

 

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија