Анкара најави планови за операција против ИД

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу денеска најави дека Турција подготвува операција против џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави ТАСС.

– Имаме планови за спроведување операција против ИД во следните денови. Треба заеднички да и се спротивставиме на таа закана, изјави Синирлиоглу.

Синирлиоглу не прецизираше каде ќе биде спроведена операцијата – во Ирак, Сирија или турските погранични региони, ниту дали во неа ќе учествуваат воздухопловните или копнените сили на Турција.

– ИД претсавува закана за нашиот начин на живот и за нашата безбедност. Ќе проодлжиме да им пружаме помаш на Ирак и на Ирачки Курдистан се до целосното уништување на сите терористички организации, нагласи шефот на турската дипломатија.

Синирлиоглу оцени и дека е неоходно да се најде решение за сириската криза, додавајќи дека „проблемот мора да биде решен на демократска основа“.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени