Александар Вучиќ стапи на должноста претседател на Србија

Од:

Александар Вучиќ официјално стапи на должноста претседател на Србија. На церемонијата во палатата „Србија“ во главниот град Белград, присуствуваа околу 5.000 гости, вклучувајќи претставници на повеќе од 60 странски делегации, пренесе ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ, кој победи убедливо на претседателските избори уште во првиот круг на 2 април, веќе положи заклетва како шеф на државата на 31 мај.

На приемот синоќа беа поканети гости како од Србија, така и од соседните земји, САД, Русија, ЕУ, НАТО и Кина. Вучиќ ги пресретнуваше заедно со својата сопруга Тамара. Ова беше прво јавно појавување за неа, откако роди син на 10 јуни.

Според официјалните податоци, Србија не примила толку многу странски гости од погребот на Тито во 1980 година.

Пред церемонијата, новиот српски претседател беше поздравен од својот претходник Томислав Николиќ.

– Му посакувам да биде подобар претседател од мене, рече Николиќ за Вучиќ.

Во својот говор по повод стапувањето на должност, новиот српски претседател истакна дека неговата земја се гордее со своите традиционални пријателски односи со Русија. – Се наоѓаме … на патот кон Европа и сакаме да останеме на него, истакна во исто време Вучиќ.

Хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ изрази надеж за обновување на добрите односи меѓу нејзината земја и Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија не воведува санкции кон Русија

Ана Ололовска

Вучиќ и Мицотакис во Софија разговараа за енергетската криза и европскиот пат на Србија

Ана Ололовска

Вучиќ: Вклучете го и Западен Балкан во плановите на ЕУ, ќе ви бидеме благодарни

Ана Ололовска

Во Србија почнува попис на населението, домаќинствата и становите

Ана Ололовска

Донфрид во телефонски разговор со Вучиќ остро замерила на потпишаниот договор меѓу Србија и Русија

Владата на Србија ја продолжи забраната за извоз на млеко, не важи за Македонија и Албанија