Албански анестезиолог: Владата стана проповедник против Ковид-19, наместо да спроведува конкретни мерки

Од:

Поранешниот албански министер за здравство, познатиот анестезиолог и универзитетски професор, Тритан Шеху, оцени дека речиси ништо не функционирало во земјата во борбата со Ковид-19 и оти се е многу полошо отколку на почетокот на пандемијата.

– Денеска, во оваа тешка ситуација, јас не гледам стратегија. Владата ја смени улогата, стана проповедник. Нејзината улога не е да проповеда, туку да организира здравствената заштита и да спроведува неопходни мерки и активности во интерес на здравјето на населението. Ова е должност на Владата. Речиси ништо не функционира. Факт е дека се е полошо отколку на почетокот на пандемијата, изјави Шеху гостувајќи во емисија на „Ора њуз“ телевизија.

Според него и понатаму Албанија е последна земја во Европа по бројот на направени тестови дневно.

– Треба да правиме минимум 2.500 тестови на ден. Ова е потребата што Албанија ја има денес. Повторувам денес сме во многупати полоша ситуација и продолжуваме без реални и вистински мерки, водејќи ја земјата кон период на неизвесност, рече тој апелирајќи и до населението строго да ги почитува препораките а не да се однесува како ништо да не се случува.

Поради се поголемиот број новозаразени и еден од најпознатите албански инфектолози, Тритан Кало, упати апел, пред се до младата популација да избегнуваат групирање на плажите и во кафулињата, колку што е можно повеќе, зашто не само што го загрозуваат сопственото здравје, туку и на нивните родители.

Тој со загриженост додаде дека во ковид болниците видно е зголемен бројот на млади лица на кои им е потребно болничко лекување, а не е мал бројот и на починати.

Наместо барови, пабови, кафулиња, тој им препорача на младите луѓе да поминуваат повеќе време на отворено, истакнувајќи дека можат да засадат и дрвја.

Во Албанија вчера беше регистран нов негативен рекорд на новозаразени. Од 505 направени тестови, позитивен резултат беше добиен кај 120, што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија