Албанија, Косово, Македонија и Босна – средиште на фанатици

Од:

Катимерини – Атина

Објавено е дека лицето кое важеше за лидер за албанските џихадисти кои војуваат во редовите на Исламска држава, косовскиот Албанец Лаврдим Мухаџери, е убиен некаде во Сирија.

Мухаџери стана познат по еден видео материјал на социјалните мрежи, во тој беше прикажан како обезглавува еден заложник во името на Алах.

Тогаш тој изјави дека е горд затоа што му ја отсекол главата, пред да отпатува во родното село кај Качаник на границата на Косово со Македонија.

Мухаџери тогаш јавно го запали својот пасош за да демонстрира дека се откажува од својата националност и дека единствено ќе биде војник на Алах. На социјалните мрежи тој се изјасни дека е одреден од Алах да предводи една подоцнежна етапа од создавање на балкански калифат.

Самиот Мухаџери не доживеа да стане првиот калиф во Европа, но стотици други негови истомисленици од Албанија, Косово, Македонија и Босна продолжуваат да војуваат на фронтовите во Сирија и Ирак, за одржувањето во живот и растењето на џихадизмот.

800 фанатици

Истражувања покажуваат дека има околу 800 фанатизирани муслимани од Западниот Балкан од кои 300 сега војуваат во првите редови на организацијата Исламска држава. Истовремено, илјадници други кои се вратиле дома, го прифатиле екстремиситчкото толкување на Коранот, кое продолжува да се учи во легални или нелегални џамии од фанатизирани имами.

Босна се смета за главен „разводник“ на исламскиот фанатизам, а исто така и на џихадизмот. Во таа земја има села – според безбедносните власти такви има најмалку 28 – во кои воопшто не се дозволува пристап на „неверници“ согласно шеријатот – светиот закон на Исламот, кој го уредува секојдневниот живот на луѓето во рамките на нивното општество.

Би можело да се очекува дека земји како Албанија и Косово, најмногу тие две во кои доминира муслиманското население, а исто и Македонија, ќе започнат да функционираат како големи балкански разводници на џихадизмот.

На почетокот дури по избувнувањето на војната на Блискиот Исток, се виде дека екстремистичкиот Ислам, кој беше финансиран од Саудиска Срабија, Катар и Јемен, а исто и под една умерена форма и од Турција, би можел да најде таква радикална почва во регионите каде се доминантни Албанците, особено меѓу сиромашните слоеви на населението.

Но, појавата која е поврзана со неконтролираната дејност на фанатизираните имами и незаконското функционирање на џамии, показува во извесна смисла знаци на пад во споредба со случувањата од пред неколку години, заради особено строгите мерки кој ги преземаат властите, со исклучок на Босна и Херцеговина. Во неа државата и нејзините механизми скоро и да не функционираат, а вахабизмот незапирливо се шири.

Освен тоа, религиозната радикализација е противречна со историската убеденост на Албанците дека нивната единствена религија се албанските корени.

„Бастионите“ на џихадизмот во Босна се најмногу оддалечените планински села кои се напуштени за време на војната од нивните српски жители, чии куќи подоцна биле продадени. Тие биле купени од босански вахабисти и салафисти.

Со текот на времето, и затоа што биле оттргнати од своите корени во таа инаку и така парализирана земја, тие се претвориле во жаришта за развој на исламскиот фанатизам. Во нив, законите на државата се заменети со шеријата.

Терористичките напади на исламисти на резлични цели во Босна започнаа во 2002 година, а продолжуваат и денес. Така таа земја е единствената на Балканот во која терористичките чинови се случуваат. Таа е на второ место во Европа по бројот на нејзини граѓани кои војуваат на страната на Исламска држава во Сирија и Ирак.

Дури и сега полицијата избегнува да се појавува во „селата на Алах“, а во 2010 година беше неопходно да се испрати единица од 600 вооружени припадници на специјалните сили за да може да влезат во две од нив – Горна Маоча и Овча, кои се сметаат за тврдини на исламскиот фундаментализам. При рациите кои беа извршени во домовите, беа пронајдени оружја, експлозиви и појаси кои ги користеле бомбаши самоубијци.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски