Албанија и Косово: Истрага против Карла дел Понте

Од:

Владите на Албанија и Косово побарале истрага против поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте, поради подигнување на обвинение против Рамуш Харадинај и Фатмир Љимај, иако соработниците предупредиле дека немаат доволно докази во овие случаи.

Истакнувајќи дека институциите на Косово секогаш верувале и соработувале со Хашкиот трибунал, Владата на Косово тврди дека таа подготвеност ја злоупотребувала Дел Понте, која, како што наведува “сега признала дека обвинението против Харадинај не било поддржано со докази кои би можеле да доведат до негова осуда“.

“Поради тоа Владата на Косово бара од надлежните меѓународни претставници да започнат истрага против Карла Дел Понте за злоупотреба на овластувањата како главен обвинител во случајот на Харадинај, Љимај и други во текот на 2003 година, и во врска со нејзините научно-фантастични фабрикувања во врска со обвиненијата на Дик Марти и други, во врска со човечки органи“, се вели во соопштението.

Косовската влада го осудила ваквото однесување на главната обвинителка, “посебно по изјавата на други обвинители на Хашкиот трибунал кои постојано изразувале сомнеж во доказите кои ги понудила Дел Понте и нејзината последна изјава во која признала дека во време кога го подигнала обвинението имала недостиг на докази и сведоци“ и бара од надлежните органи да започнат истрага околу нејзините незаконски постапки.

И Владата на Албанија изјавила дека од надлежните меѓународни институции ќе побара истрага против Дел Понте поради подигнување на обвинение против Харадинај.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски