АИ: Турција депортира 30 Авганистанци

Од:

Турските власти депортираа 30 Авганистанци, кои барале азил, кратко време по склучувањето на договорот меѓу Турција и Европска унија за миграцијата, соопшти денеска меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешнл.

АИ предупредува дека договорот ги изложува бегалците на ризик, пренесува БТА.

– Луѓето кои бараа азил, меѓу кои имаше и жени и деца, стравуваа од нападите на талибанците во Авганистан, но и покрај тоа тие беа депортирани, наведува АИ.

Организацијата посочува дека Турција со депортирањето на Авганистанците го прекршила европското и меѓународното право, кога ги депортирала луѓето во саботата.

Договорот меѓу Турција и ЕУ беше потпишан во петокот.

Турските власти потврдија дека депортирале 27 Авганистанци, но оти тоа било направено доброволно.

Договорот Турција – ЕУ беше критикуван и од ОН и од Лекари без граници.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски