Ахмет Давутоглу : Турција ја „споделува болката“ со Ерменците за настаните од пред 100 години

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Турција ја „споделува болката“ со Ерменците, чии предци биле убиени,пред сто години,во времето на тогашната Отоманска Империја.

Давутоглу соопшти дека на 24 април,на стогодишнината од депортацијата и убивањето на Ерменците,во Истанбул ќе се одржи пригодна комеморација,што ќе биде прв таков случај во современа Турција.

Политиката на официјална Анкара околу толкувањето на тие настани, сепак, и понатаму останува непроменета и одлучна во ставот дека убивањето на Ерменците од пред еден век,не било геноцид.

„Да се сведе целата работа на еден збор и да се постави одговорноста низ генерации,само врз турската нација, е правно и морално проблематично“, рече премиерот Давутоглу.

Турскиот премиер,меѓутоа,инсистираше дека Турција со целосна почит се сеќава на тие случувања и ја „дели болката“ со внуците и децата на отоманските Ерменци кои ги загубиле животите за време на депортацијата во 1915 година.

Изјавата на Давутоглу и најавата за комеморативно одбележување на случувањата со Еременците од пред сто години, доаѓа по минатонеделаната остра критика што за папата Франциско ја изрече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На една пригодна миса во Ватикан,во присуство на еременкиот претседател и поглаварот на еремнската православна црква, папата ги ознали страдањата и убивањата на Ерменците, како првиот геноцид во Европа во 20 век. Но, турскиот претседател го прекори папата што го употребил зборорт „геноцид„ и му порача „уште еднаш да не повторува таква грешка“.

Околу 1,5 милион Ерменци се убиени во текот на депортацијата и ликвидациите што врз нив ги извршувале отоманските војнци. За властите во Ереван и порано и сега, станува збор за геноцид врз ерменскиот народ,на што остро се спротивставуваат турските историчари и полиичари.

Тие тврдат дека немало геноцид, туку дека во текот на масовната депортација,што се случила додека се уште траела Првата светска војна, покрај Ерменци биле убивани и етнички Турци.

Најголемиот борј нетурски историчари тиа трагични настани ги означуваат како геноцид,а така ги прифаќаат и дваесетина држави во светот, меѓу кои Франција, Канада, Русија, Италија, Белгија, Аргентина и Уругвај, а од вчера и Германија.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски