По затворањето на Хашкиот суд, кон крајот на годинава, главната одговорност за правдата за воените злосторства извршени во 90-те години на минатиот век, ќе ја сносат владите и правосудните системи на земјите од поранешна Југославија, изјави денеска во Белград претседатекот на Трибуналот, Кармел Аџиус.
Според претседателот на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, кој денеска ја заврши последната официјална посета на Белград, таквата одговорност на властите во регионот во преден план го става значењето на регионалната соработка во таа област.
Во врска со воспоставување на информативни центри на Хашкиот трибунал, Аџиус рече дека таков центар во Белград би бил од корист и ќе им овозможи на српските граѓани директен пристап до сите документи на Судит, кои не се тајни.
За време на престојот во Србија, Аџиус се сретна со претседателот Александар Вучиќ, премиерата Ана Брнабиќ, министрите за надворешни работи и за правда, Ивица Дачиќ и Нела Кунуровиќ, како и со претставници на српските судови.