855 новозаразени и 11 починати лица во Косово во изминатиот ден

Од:

Бројот на жртви од Ковид-19 во Косово се зголеми на вкупно 885 од почетокот на пандемијата, откако изминатото деноноќие починаа 11 лица.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 855 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се зголеми на 32.877. Од нив, вклучително вчерашните рекордни 748 излекувани пациенти, болеста досега ја совладале 19.722 лица.

Официјално, согласно наведените податоци, во земјата моментно има 12.220 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.930, а вкупно досега 127.722 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Жариште на епидемијата е главниот град Приштина, каде што коронавирусот досега е откриен кај повеќе од 12.500 лица.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски