60 отсто од Бугарите сакаат пописот да се спроведе онлајн

Од:

Во споредба со 2011 година, кога 43 отсто од граѓаните на Бугарија учествуваа електронски, денеска нивниот број се зголеми на 60 отсто. На тој начин, се очекува Бугарите на претстојниот попис на населението и домувањето да учествуваат целосно онлајн, објави Бугарскиот национален институт за статистика.

Според граѓаните кои ја поддржуваат оваа идеја, така ќе отпаднат грижите за непотребни средби со надворешни лица за време на пандемијата, а пописот ќе чини многу помалку.

Неговиот буџет сега е 45 милиони лева (22,5 милиони евра), што е за 18 милиони лева (9 милиони евра) повеќе отколку за пописот во 2011 година. Разликата доаѓа главно од две работи – зголемената награда на попишувачите и контролорите и фактот дека сега секој дом ќе ги внесе податоците со своите ГПС координати.

Во 2011 година, 43 отсто од Бугарите избраа да ги пополнуваат прашалниците преку Интернет. Тоа тогаш беше најголем процент на население во Европската унија.

Онлајн пописот во Бугарија ќе започне на 7 септември во исто време со пописот со посета на анкетари дома, што, сепак, може да се одржи само помеѓу 8 и 20 часот во текот на денот.

Онлајн процесот ќе заврши на полноќ на 17 септември, а преку попишувачите – две недели подоцна, на 3 октомври.

Иако мнозинството бугарски граѓани сакаат онлајн попис, од почетокот на јуни ќе започне ангажирањето на нови попишувачи и контролори.

Нивниот хонорар може да достигне 550-600 евра, во зависност од бројот на региони што ги попишуваат.

Пописот нема да може да се одложува повеќе затоа што ќе го спроведуваат истовремено сите земји-членки на ЕУ во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори