339 новозаразени во Грција, нови мерки во Атина и регионот

Од:

Дозволено собирање на најмногу девет луѓе на отворено и затворено, откажување концерти и кино проекции во затворени сали, дозволени најмногу 20 лица на свадби, крштенки и погреби, задолжително работење на далечина за 40 отсто од вработените во приватниот и јавниот сектор, онаму каде што е изводливо, се дел од дополнителните мерки за областа Атика, поширокиот регион на Атина, кои ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на денешната редовна прес-конференција за ситуацијата со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките, за кои рано утрово се разговараше и на состанокот со грчкиот премиер, стапуваат на сила во понеделник, а ќе важат до 4 октомври и се донесени поради тоа што од 4.084 активни случаи во Грција, повеќе од половина, односно 2.100 се во областа Атика, а 966 се во општина Атина.

Хардаљас рече дека податоците покажуваат дека во конкретната област постои голема раширеност на коронавирусот меѓу вработени во приватниот сектор (29,07 отсто од заразените). Веднаш зад нив, се пензионерите и невработените со по 13 проценти.

Препораката на грчката Влада до оние кои се над 65 години или припаѓаат на ранливите категории е во следните 14 дена да ги ограничат движењата, да избегнуваат користење на јавен превоз и да избегнуваат контакти со други луѓе.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 339 нови случаи на Ковид-19, а починаа две лица, со што бројот на заразени се зголеми на 14.738, а на починати на 327 лица.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески