Зошто зеваме?

Од:

Научниците утврдија дека зевањето е многу посложена појава отколку што до сега се веруваше. Тоа може да се појави од различни причини и да има различни функции.

Станува збор за средство кое во стресни периоди овозможува да го одржиме мозокот во будна состојба. Кај многу животински видови заразното зевање е начин да се заштити семејството и пријателите така што сите во групата ќе останат во состојба на подготвеност. Појавата, која обично трае околу шест секунди и често се јавува во серии, предизвикува хемиски промени во мозокот.

Долго време се веруваше дека зевањето е начин да се компензира недостатигот на кислород во организмот, а нашата склоност да зеваме кога ќе видиме други да го прават е погрешно толкување како израз на емпатија.

За да влеземе во сржта на зевањето научниците направиле низа експерименти со група луѓе и животни. Нивната основна хипотеза е дека значајната улогата на зевањето е во тоа да го одржи мозокот ладен за да може оптимално да функционира.

Мозокот е многу чувствителен на загревање, а Ендру Галуп, асистент на Катедрата за психологија на Државниот универзитет во Њујорк во Онеонт, тврди дека помнењето слабее кога оптималната температура на мозокот од 37 степени Целзиусови порасне за помалку од еден степен.

Експериментите со глувците покажаа дека вдишувањето студен воздух ја намалува температурата на мозокот така што ја лади крвта која оди до мозокот.

Стресот и анксиозноста предизвикувааат загревање на мозокот, а зевањето го лади и обезбедува негова максимална ефикасност, вели др. Галуп. Со тоа може да се објасни зошто често зеваат луѓето од кои тоа не би очекувале, како падобранци кои се подготвуваат да скокнат од авион, или луѓе кои треба да одржат говор.

Во рамките на истражувањето од 2012 година чии резулати се објавени во весникот „Journal of Comparative Psychologie“, др. Галуп и неговите колеги ја набљудуваа оваа појава кај четири групи папагали, од видот мал александар. Кога некои папагали од едната група се вознемириле поради гласните звуци, сите почнале да зеваат, што во другата група не беше случај. Научниците веруваат дека тоа е доказ дека заразното зевање има функција да ја одржи групата во приправна состојба.

Научниците идентификуваа и некои од хемиските промени во мозокот кои го поттикнуваат зевањето. Рецепторите кои учествуваат во пренесувањето пораки до мозокот функционираат со помош на хемиската супстанца допамин. Нивото на допамин е најголемо рано наутро, па сосема е логично што луѓето зеваат кога ќе се разбудат, објасни Галуп.

Некои рецептори одговорни за зевањето реагираат на опиоидите, што објаснуа зошто зависните од хероин во текот на одвикнувањето многу зеваат.

Истражувањата покажуваат дека повеќе зеваме кога сме уморни, но не е јасно зошто. Др. Галуп смета дека причина е во тепмпературата на мозокот која е највисока во текот на ноќта, а некои научници веруват дека зевањето ја следи промената на состојбата, на пример, преминување од спиење во будна состојба.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ