Зошто сме толку зависни од мистериите?

Од:

Како за посветените научници, така и за средношколците, потрагата по одговори е силен мотиватор. Но зошто е тоа така?

„Во уметноста се зема предвид само едно нешто: Нештата кои не можат да се објаснат“ – Жорж Брак.

Тоа ве излудува – ве води по мрачни патишта, зад слепи агли. Смисолата на мистеријата, предизвикувањето на непознатото, ви ги отвора срцето и умот до крајни граници, дури и над желбата да се докажете надвор од сенката на сомнежот дека навистина го разбирате овој свет. Таму нема ништо ново.

Тоа ветување на сомнежот ве остава напнати помеѓу реалноста и нереалноста, простор кој се опишува со фразата: „Па, можеби?“

Тоа е слаткиот момент на свесноста. Во уметноста и литературата тоа се нарекува напнатост. Додека трагате по решенија, обидувајќи се да ја решите мистеријата, вашиот ум зграпчува нови мисли. Го истражувате проблемот од различна перспектива, се предизвикувате да размислувате вон рамките на зборовите. Како што рече еден графити уметник:

„Размислувајте надвор од рамката, растурете ја рамката и збрцајте остар нож во неа“ – Бенкси.

И така нејзиното сецкање ќе ве одведе понатаму. Британскиот невронаучник Даниел Бор, авторот на книгата „Прегладнет ум“, вели дека „човечкиот мозок има екстремна форма на свесност: гладен е за нови иновативни решенија на проблемите во светот, гладен е за унапредување на нашите животи, за градење на прирамиди на знаења“.

Самоменувачка електроника: Мистеријата за искривените шпагети

Д-р Јинсанг Ким од Универзитетот во Мичиген замислил микро електроника со највисоки переорманси која може да се менува во што било  кое тој ќе го посака. Тој работи со полн истражувачки тим и тврди полимери во вид на прачки, и наишол на пречка. На д-р Ким му биле потребни полимери за да ги следи насоките на неговите потези, како што бојата ја следи трагата на четката. Но неговите полимери не слушале.

– Си замислив наредени трупци долж реката – долж правецот на текот на реката, вели д-р Ким. Но се соочил со голем проблем. „Кога еднаш трупците ќе се спојат во сплав, тие не можат да се наредат долж текот на реката затоа што сплавот нема доволно голем размер“.

Неговиот тим се обидел на полимерите малку да им помогнат. Тоа било елегантно и логично решение, но предизвикало полимерите да се однесуваат само како лепливи, искривени шпагети. Наместо електрични кола со високи перформанси кои самите се менуваат, тие создале леплива кашеста маса. Но „грешката“ го повело тимот понатаму.

– Истражувањата се секогаш предизвик, вели д-р Ким. „Не сум видел ниту еден истражувачки обид кој веднаш ќе даде резултати. Учиме од грешките и доаѓаме до подобри идеи… Вообичаено имаме делумен успех. Ги анализираме резултатите и доаѓаме до алтернативни дизајни. Кога се создадеме модифициран дизајн, стануваме љубопитни да ги дознаеме резултатите од новите идеи. Внесувањето во љубопитноста е нашата движечка сила за да создадеме интересни невообичаени материјални системи“.

Тимот на д-р Ким дошол до три системи кои помогнале суперпроводливите полимери да се наредат според потезите на четката, вклучувајќи и оние кои им дале на трупците мала рачна помош за да им помогнат самите да се наредат долж исправната линија на правецот на текот.

– Од ваквата имагинација и анализа, создадовме полимери кои на таков начин можат да се привлечат едни со други и самите да се наредат, но и претерано да не се привлекуваат меѓу себе.

По многу експериментирања, полимерите се наредиле според потезите на четката и тимот на д-р Ким таа пролет го направиле првиот транзистор. По замислувањето на целта, потоа минувањето низ неколку дизајнерски проблеми, зафаќајки се со решпенија за кои никој не ни сонувал и дека постојат, тимот создал реална електроника која самата се создава и ги споделиле нсвоите резултати со научниците низ светот. Нивниот успех може да го редизајнира сиот наш однос кон електрониката.

Секојдневна екстремна свесност: Предизвикот и идејата од Браун

Сите сме способни да влеземе во претходно спомнатата точка на свесност, само ни треба мистерија или предизвик за да се внесеме во тензијата. Човечкиот мозок не влегува во таа фаза се додека не се соочи со потребата да се реши проблемот, да му се даде смисла на тој мал факт кој им се спротивставува на другите, или да сфатиме зошто тој еден и едиинстен објект не е на своето место.

„Перцепцијата е ништо, освен ако не сторите нешто со неа“ – Јути Барада

Ако сакате да решавате загатки или да читате мистерии, познато ви е тоа чувство. Ве тера да трошите часови на загатки или цела вечер да вртите страници – целосно да го вклучите мозокот затоа што неговото растегнување до крајни граници ве тера да се чувстувате толку фантастично.

Како да ја вклучиме таквата екстремна совесност во решавање на секојдневните проблеми? Во април на Универзитетот Браун се обидоа за нов пристап и оформија двојки тимови од студенти, дипломци по уметност, студенти по технологии и дизајнери, за решавање на секојдневните проблеми кои им ги кажаа лица со физичка попреченост.

Организаторот на студентите, Хана Мекфи, објаснува: „Традиционално, ваквото  истражување засновано на технологии се нарекува `хакатон` за оние кои имаат искуство во компјутерските науки и во инженерството. Но, ние го понудивме на секој оној кој е заинтересиран да се пронајдат решенија за помошни технологии за оние со ограниичени комуникацсики способности“.

За два дена, инженери и антрополози, илустратори и индустриски дизајнери, архитекти и тинејџери, се внесоа околу идејите и трагаа по потенцијални решенија.

– Верувам дека различноста на секој тим е она што го води прокетот од еден момент на мистериозност до следниот. Секој пат кога изгледа дека студентите удриле во ѕид во своите размислувања, или во корисничката направа, некој друг од сосема друга провиниенција ќе влета со идеја или алтернативе пат, вели Мекфи.

– Работејќи на создавањето на интуитивна корисничка направа еден тим лесно дојде до  атрактивна кружна тастатура која отскокнува од другите проекти: „Повеќето тимови се трудат да додадат што е можно повеќе својства во нивните дизајни. Првиот ден на студентите им требаше да ја сфатат работата на „СпикЈоурМајнд“ клиентот со моторни, аудио, визуелни или говорни попречености“, вели Мекфи. „За нив враќањето назад и расклопувањето на направата за да се изведе што е можно поседноставна, беше прекретница – сведувањето на својствата на нивниот проект до самата основа“.

Тој рагамафин тим направи подобрувања во дизајнот од кои корист ќе имаат луѓето со хендикеп секој ден. И имајте на ум дека сите тие се сеуште незавршени ученици, плус некои од нив и ученици во средно – а не научници истражувачи – и кои работат од чиста радост заради возбудата од потрагата.

Зависнички потенцијал: Отпишување на нашите соништа

Можеме да ја искористиме оваа екстремна состојба за да одиме понатаму, да стигнеме подлабоко во нашите потенцијали. Д-р Ким сака да го искористи својот електронски систем кој се самооформува за да создаде пенкало за буквално да ја „испишуваме“ електрониката која ни е потребна. Универзитетот Браун има уште многу планирани мејкатони за сите видови секојдневни проблеми.

И кога ќе пронајдеме одговори, нашиот мозок се чувствува задоволно, ослободен е од напнатост. Сепак, чувството на поредок понекогаш е студено, мачно, тродименионално. Добиваме нешто повеќе, нешто надвор од фактите. Сакаме – но не и потреба – да го откриеме следниот проблем. Нашата свесност бара начин да се врати на таа слатка точка на ментална остроумност затоа што:

„Се што гледаме крие нешто друго, секогаш сакаме да го видиме тоа што е скриено од тоа што го гледаме“- Рене Магрите

Како што рече студентката Хана Мекфи од Универзитетот Браун: „Ова е исклучителна награда за мене. Интердисциплинарни проекти како Мејкатон ги изложува поединците на методи и алатки кои го водат нивното размислување и решавање на проблеми напред, во што е можно повеќе нови и иновативни решенија колку што тие сакаат“.

Затоа што понекогаш одговорите не се оние кои и очекуваме да бидат. Понекогаш никаде не се наоѓаат, освен… во можеби?

Салон – Сан Франциско

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ