Зошто на жените им е постудено во канцеларија од мажите со вклучена клима-уред?

Од:

Температурата во канцелариите најчесто се прилагодува на машките колеги поради што голем број на жени на работните места се „смрзнуваат“.

Во зградите пирум светот температурата се прилагодува со стандардите кои уште во 1960 година ги одреди Здружението на американски инженери за греење, ладење и климатизација. Моделот е базиран на фактори како надворешна темепартура на воздухот, релативна влажност, неговото струење, количината облека која на себе ја има работникот и брзината со која се загрева нашиот метаболизам.

Но, проблемот е, пишува весникот Форутна, во тоа што моделот е застарен, а една варијабла би можела да се нарече сексистичка. Имено, при пресметување на оптималната температура во канцеларијата пред 40 години се земаше предвид податокот за просечната животна доба на 40-годишен маж, со тежина од 70 кг.

Жените денес сочинуваат половина од вработените во канцелариите, нивните тела произведуваат помалку топлина од телата на мажите и метаболизмот им е повеќе поуспорен, затоа што се поситни од мажите заради што имаат помали мускули, а повеќе масно ткива. Познато е дека мускулите произведуваат повеќе топлина од масното ткиво.

Предвид треба да се земе и физиологијата на жените и нивниот избор на облека. Мажите најчесто се во костуми.

– Начелно, тоа е многу добар стандард темелен на термодинамиката – баланс меѓу телесната температура  и температурната во просторијата, рече за Business Insider холандскиот билогот, Борис Кингма, од Универзитетот на медицинскиот центар во Мастрихт, кој воедно е ко-автор на истражувањата. Кингма рече дека истражувањата покажуваат дека на жените во климатизирани простории им е поладно отколку на мажите.

Новите студии упатуваат на тоа дека жените повеќе сакаат да претстојуваат во потопли простории – околу 25 Целзиусови степени, а мажите во нешто поладни – околу 22 Целзиусови степени.

Студијата дава и решение: да се промени, односно да се зголеми температурата на климата на апаратот на вредност која одговара на работниците, од што на крајот ќе има двојно повеќе добивка. Меѓу другото, и за компанијата, затоа што ќе се заштедат финансиски средства.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ