Женска Алијанса со кампањата „Црвен картон за хомофобијата!“ месецов се придружува на илјадниците европски групи кои ја користат моќта на фудбалот за да презентираат заеднички став против дискриминацијата и да се декларираат како „фудбалски луѓе“.
Неделите на акција на ФАРЕ ги обединуваат групите од сите големини во преку 40 земји да ја спречат дискриминацијата и да ја слават различноста преку играта.
Женска Алијанса и ФАРЕ веруваат дека фудбалот како најпопуларен спорт на светот ни припаѓа на сите нам и истиот ги премостува сите бариери, правејќи нѐ сите фудбалски луѓе.
Помеѓу 9-ти и 23-ти октомври, грасрут и професионалниот фудбал, вклучувајќи ги националните тимови кои играат во квалификациите за 2016 UEFA European Championship, ќе бидат инволвирани во кампањата која ќе допре до фановите ширум светот.