На популарната американска огласна веб страница Craigslist од неодамна можат да се најдат и искористени тестови за бременост.
За да бидат работите уште полоши, барани тестови за бременост се оние со позитивен исход, а чинат околу 20 долари или 16 евра по парче.
Нелегалната продажба не ги спречува анонимните жени да ги продадат своите тестови, а при објавувањето на огласите ја нагласуваат целната група . Една од продавачките нејзиниот тест го продава само на оние девојки кои сакат со уценување да ги „задржат“ нивните момчиња.
Исто така, некои огласи нагласуваат дека тестот е само за правење шеги, а понудите воглавно доаѓаат од Канзас, Тексас и Њујорк.