Триесетгодишниот Џереми Мекс овие денови е уапсен поради поседување оружје без дозвола на подрачјето на Стоктон во северна Калифорнија, но за разлика од многу други затвореници тој стана најпопуларен осуденик на Фејсбук страницата на локалната полиција.
Имено, Мекс од средата навечер до вчера наутрото доби неверојани 10.914 лајкови и 2.400 коментари и тоа главно од жени кои се воодушевени од неговиот изглед. Не било потребно долго време убавиот затвореник да стане голема вест, не само во САД, туку и во другиот дел од светот.
„Мамо, се вљубив во криминалец“, напишала една корисничка на Фејсбук, а друга пак коментирала „Го крши Законот, а можеше да заработува милиони како манекен“.
Во секој случај, Мекс добил и фан страница, а можно е да собере и доволно обожавателки кои ќе бидат подготвени да ја платат кауцијата од 900.000 долари.