Жената со брада: Се чувствувам посексапилно од кога и да е

Од:

Маријам (49) по раѓањето на синот во средината на осумдесетите години почнала да страда од хормонско нарушување, кое предизвикува раст на влакната на нејзиното лице. По повеќе од две децении бричење или корнење на влакната, пред пет години одлучила на светот да му покаже како навистина изгледа.

– Луѓето ми велат дека сум луда што не се бричам и не се обидувам да изгледам „нормално“, но мене вака ми е супер. Се чувствувам посексапилно од кога и да е, изјави Маријам во емисијата „This morning“ на британската телевизија.

– Се почна по раѓањето на мојот син. Хормоните ми здивеа и почнаа да ми растат влакна по лицето. Мајка ми ме советуваше да ги корнам со пинцета, да не ги бричам, ни депилирам. Беше здодевно и напорно секој ден да се занимавам со тоа и  навистина ме правеше депресивна, вели таа.

Кога во 2008 година останала без работа, сето време го минувала дома и одлучила да пушти брадата да порасне. Почнала и да пишува блог за тоа, со цел да им помогне на жените со сличен проблем.

Маријам набрзо добила работа во еден циркус, на местото „брадата жена“.

– Тоа е прекрасна можност да зборувам со возрасни, но често и со деца кои поставуваат умни прашања. Не е срамно да се биде во ситуација како што е мојата, рече Маријам.

Нејзина единствена надеж е дека новостекнатата слава ќе и донесе љубов, бидејќи вели дека е сама веќе 10 години, но не губи надеж дека ќе се појави оној вистинскиот.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ