Заробени во снежно невреме, преспале во ИКЕА

Од:

Продажен салон на „ИКЕА“ стоковна куќа во северна Данска се претвори во огромна спална соба, откако шест купувачи и дваесетина вработени останаа заробени во него поради снежно невреме. До мигот кога стоковната куќа во Алборг се затвори во средата вечерта, паднаа до 75 см снег, па луѓето беа принудени да преноќат во продавницата.

dobivaj vesti na viber

– Спиевме во нашиот изложбен салон на првиот кат, каде што имаме кревети, душеци и каучи. Тоа беше можност луѓето да го изберат токму креветот што отсекогаш сакале да го пробаат. Беше тоа добра ноќ! Многу забавно!, изјави менаџерот на продавницата, Питер Елмос за тамошните медиуми.

Тие ја минале вечерта гледајќи телевизија со закуски. Данската јавна телевизија ДР соопшти дека луѓето кои работат во продавница за играчки која се наоѓа веднаш до „ИКЕА“, исто така, ја минале ноќта во стоковната куќа.

– Само се смеевме на состојбата, затоа што веројатно нема да ја доживееме повторно, прокоментира една продавачка.

Би можело да ве интересира

Македонецот Зоран Петровски победи во бугарскиот „Survivor“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Скапо го платив кафето со Венко, ме избркаа од работа: Лиде Лиде за популарната средба со Филипче

Ана Ололовска

Истражување: Луѓето кои се опседнати со славните имаат пониски когнитивни способности

Ана Ололовска

Совети за „брзо дневно зачистување“ дома

Ана Ололовска

Златните риби можат да насочуваат роботски возила кон копно

Ана Ололовска

Највозрасната жена на светот наполни 119 години

Ана Ололовска