Еден јужноафрикански зоолог изведе неверојатна селидба на 27 возрасни лавови од еден резерват во друг, користејќи само едно комбе.
За само неколку месеци сите лавови се сместени во новото опкружување во Преторија, а единствениот кој претрпел трауми поради селидбата било семејното куче.
Нарекувајќи се себе си „шепкач на лавовите“, зоологот Кевин Ричардсон е пионер во новиот начин на комуникација со најголемите африкански предатори и тоа на начин кој буди неверување и воодушевување.
Откако неговите лавови ги преместил и самиот станал привремен член на нивната глутница, сега без страв од повреди со нив се бори, се милува и се дружи. За 15 години работа имал само мали гребаници.
– И покрај верувањата лавовите не се неразумни ловци на луѓе, вели Ричардсон додека се одмара во сенката во резерватот Динокенг во северна Преторија.
– Тие се всушност многу толерантни кон луѓето, доколку ги почитувате. Развив длабок однос со моите лавови во текот на овие 15 и пол години, а тој се заснова на взаемно почитување, додава Ричардсон