Која е жената убиена од актерот Алек Болдвин

Од:

Холивудскиот актер Алек Болдвин, на снимањето на филмот „Rust“, случајно ја застрела директорката на фотографија, Халина Хачинс, која почина од прострелна рана.

Халина Хачинс, чие вистинско име е Галина, имала 42 години кога настрада во несреќа, која се случила вчера во импровизирана црква на филмски сет.

Нејзиниот колега снимател Ел Шнајдер напиша на Твитер по нејзината смрт:

„Халина беше убиена за време на снимање на вестерн. Камерманите историски се држат настрана од овој жанр, а особено сурово изгледа што животот на една од ѕвездите во подем, која успеа да се пробие, заврши на проектот за кој се боревме“.

Хачинс, која е родена во Украина во 1979 година, пораснала во советска воена база во Арктичката област. Таа го посетувала Националниот универзитет во Киев и дипломирала меѓународно новинарство пред да започне да работи на британски документарни продукции како истражувачки новинар.

Подоцна се преселила во Лос Анџелес и дипломирала на Конзерваториумот на Американскиот филмски институт во 2015 година. Во 2018 година, била снимател во лабораторијата „21th Century Fox DP“, а една година подоцна била избрана за една од sвездите во подем на списание „American Cinematographer“.

„Толку сум тажен поради загубата на Халина. И толку лут што се случи на снимање. Таа беше голем талент кој беше апсолутно посветен на уметноста и филмот“, напиша актерот Џо Манганиел.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска