Шведската компанија SCA која се занимава со производство на тоалетна хартија и други хартиени производи во своето ново истражување „Хигиената е важна“ спроведена меѓу 13.500 луѓе во 13 земји, дојде до многу занимливи откритија.
Во истражувањето кое се спроведе во Бразил, Кина, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Шведска, Мексико, Холандија, Русија, Јужноафриканската Република, Велика Британија и САД учествуваа по 500 жени и 500 мажи.
Според резултатите, 81 отсто од испитанциите го кориселе канцеларискиот тоалет за обавување нужда, а 28 проценти за менување влошки. Облеката во тоалет менувале 22 отсто, а се шминкаат 15 отсто од испитаничките.
А сега доаѓа најинтересното.
Од вкупниот број испитаници, 24 отсто одат во тоалет за да можат да телефонираат, 15 отсто за да бидат неколку минути сами, 11 отсто на тоа место ги ослободуваат фрустрациите, а седум отсто плачат.
Некои канцеларискиот тоалет го користат да поспијат малку, три проценти од испитанците ја навела оваа причина, а исто толку за да вежбаат во тоалет.
И, конечно, пет проценти од луѓето ја избираат таа локација како најдобро место за ручек. Сакаат да јадат додека никој не ги гледа.