Единствен начин да го работите она што го сакате е да ја засакате својата работа, тврдеше Стив Џобс.
Ако не сте задоволни со работата, а поради кризата не можете да ја промените, променете го ставоткон неа.
На работното место опкружете се со работи кои ги сакате. На бирото ставете фотографија од пријатели и семејството, а исфрлете се што не користите или едноставно не ви е убаво. Секој ден украдете една минута или две само за себе. Затворете ги очите и сонувајте.
Совети за подобро расположение на работа
– Не трошете енергија на озборување ако не сакате и за вас да зборуваат.
– Дојдете десет минути порано, за да се подготвите за претстојниот ден.
– Шегувајте се на своја сметка, така ќе изгледате моќни и привлечни.
– Нека работата не ви биде се на светот за да не го загрозите приватниот живот.
– Запомнете дека ништо не е вечно, колку и да била лоша ситуацијата, ќе помине.
– Исчистете го работното место од непотребни хартии од време на време.
– Запишете се што сакате да постигнете и кога ви е неподносливо – прочитајте.
– Задолжително направете пауза и ако е можно, излезете на свеж воздух.
– Запомнете дека сте вие кројачот на вашата среќа
Вистина е дека на некои работни места нема да се чувствувате добро, но таа одговорност е и на вас. Сами себе си должите да го извлечете најдоброто од таа работа или задача која моментално ја извршувате.