Врз основа на Фејсбук профилот дознајте како некој се однесува на работното место

Од:

Досега се спроведени многу истражувања за влијанието на Фејсбук на корисниците и за тоа што зборува содржината од таа мрежа за нив, па така некои истражувања покажале дека статусите кои се објавуваат на таа мрежа можат да откријат кој е психопат, колку ќе трае љубовната врска, а откриено е и дека статусите и фотографиите влијаат на (лошото) расположение на другите корисници на Фејсбук.

Едно од последните истражувања во врска со Фејсбук покажа една работа која би можела да биде интересна за сите работодавци – содржината која корисниците ја објавуваат може да покаже и колку тие лица ќе бидат успешни на работа. Ова истражување на група од 146 лица го спровеле Ричард Ландерс и Катлин Каванух од Олд Доминион Универзитетот во Вирџинија и заклучиле дека постои поврзаност меѓу особината на корисниците, која секако, може да се открие или дознае на Фејсбук и успехот на работа.

Следејќи некој профил на Фејсбук можеме да дознаеме како тоа лице ќе се однесува на работното место, потенцирајќи дека двете најважни особини кои можеме да ги откриеме на Фејсбук за корисниците и да ги поврземе со односот на работа се совесноста и екстровертноста, т.е. отвореноста кон другите луѓе.

Ландерс објаснува дека совесните лица никогаш не доцнат, своите задачи ги вршат педантно и на време, организирани се и од сите особини токму совесноста се поврзува со успехот на работа. Отвореноста покажува како лицата се однесуваат и се чувствуваат во друштво на поголема група на луѓе – оваа особина е многу важна за луѓето кои се занимаваат на пример со продажба и се во чест контакт со други луѓе, ној не е толку важна за некои други занимања, како програмерите.

Работодавачите и така гледаат по профилите на (потенцијалните) вработени, така што резултатот на ова истражување ќе им даде уште една дополнителна причина за пребарување и анализирање на профилите на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески