МЖ Транспорт а.д Скопје ќе пушти во сообраќај вонредни возови од Скопје и од Битола до Прилеп и обратно претстојниот викенд заради зголемениот интерес за присуство на Фестивалот „ПИВО ФЕСТ” во Прилеп.
– Композицијата на возовите ќе биде составена од што туку реновираните патнички вагони, соопшти денеска МЖ Транспорт а.д. Скопје.
Вонредниот воз од Скопје в сабота и в недела ќе тргнува во 11 часот. Во Велес ќе пристигне во 11:42, во Богомила во 12:34, а во Прилеп во 13:15 часот. Од Прилеп кон Скопје возот ќе сообраќа в недела и понеделник, со време на тргнување во 01:18 часот по полноќ. Во Богомила возот ќе пристигне во 01:58, во Велес во 02:49, а во Скопје 03:38 часот.
Вонредниот воз од Битола в сабота и в недела ќе тргнува во 23:45 часот. Во Прилеп ќе пристигне во 00:23. Во спротивниот правец од Прилеп за Битола возот поаѓа во 01:30, а во Битола пристигнува во 02:04 часот.
МЖ Транспорт потсетува дека кон Прилеп во деновите на „ПИВО ФЕСТ“, сообраќаат и редовните патнички возови кои од Скопје тргнуваат во 06:48, 14:30, 17:10 и 19:38 часот, а во повратен правец од Прилеп за Скопје во 03:49, 06:10, 13:35 и 19:24 часот. Патниците од Битола кон Прилеп можат да ги користат возовите во 03:10, 05:30, 12:45 и 18:35, а во обратен правец од Прилеп за Битола возовите во 09:39, 17:12, 19:26 и 22:25 часот.
Цената на повратен билет на релацијата Скопје – Прилеп – Скопје изнесува 398 денари. Повратниот билет Битола – Прилеп – Битола, пак, чини 158 денари. Исклучок е деловниот воз „Хераклеа експрес“ за кого треба да се доплатат 22 денари за повисок ранг воз и 27 денари за резервација за место за седење. Погодноста на овој воз е податокот дека од Скопје пристигнува во Прилеп за нешто повеќе од два часа, се вели во соопштението од МЖ Транспорт.