Воланот на автомобилот е четири пати погнасен од јавен тоалет

Од:

Една американска компанија која што се занимава со изнајмување на автомобили спровела истражување за тоа колку се валкани воланите на возилата.

Во истражувањето учествувале илјада испитаници кои одговарале на прашањата колку често ја чистат и дезинфицираат внатрешноста на своите автомобили. Податоците биле шокантни бидејќи 32 отсто од возачите, односно 320 од 1.000 ретко чистеле. Тие рекле дека внатрешноста на автомобилот ја чистат еднаш годишно.

Националниот центар з биотехнологија соопшти дека внатрешноста на автомобилот е меѓу највалканите места на Земјата и дека може да биде повалкано и и јавен тоалет за четири пати. Тоа е непријатната вистина со оглед на фактот дека луѓето секојдневно се во контакт со воланите во автомобилите.

Мерејќи ја просечната количина на бактерии по квадратен сантиметар, односно единица која формира колонија (ЦФУ) било утврдено дека воланите имаат 629 ЦФУ, просечниот екран на смартфон има 100 ЦФУ, копчињата на лифт 313 ЦФУ, а ВЦ школките во јавни тоалети 172 УФЦ.

Тоа што загрижува е фактот што двете најчести бактерии во внатрешноста на автомобилите се страфилокока, која предизвикува различни болести како труење со храна, инфекција на кожата, МРСА, како и Пропинибактериум бактерија која може да предизвика воспаленија и инфекции. Тоа се само двете најчести бактерии, а во внатрешноста на автомобилот може да има околу 700 различни слоеви на бактерии.

Најчест извор на бактерии во автомобилот е конзумирање храна внатре.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ