Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Од:

Владата повторно ќе набавува нови возила на лизинг преку Службата за општи и заеднички работи, а за вицепремиерот Фатмир Битиќи нема ништо спорно што се набавуваат во изборен процес ниту пак зошто повторно СОЗР се одлучил на оперативен лизинг а не да купува возила.

– Прашањето не треба да биде насочено кон мене, има служби кои одлучуваат на ефикасен начин. Треба да ги прашате во Службата за општи и заеднички работи, тие одлучуваат што е најбезбедно за да се превезуваат функционерите.

Од моето искуство надвор од политиката, оперативниот лизинг е во цел свет најупотребуваниот механизам за службени возила затоа што долгорочно трошоците за одржување се многу помали. Во ЕУ службените возила се преку оперативен лизинг. Возилата ќе се набават во ноемви, бидејќи ова е активност во редовен план за набавки, тоа е во програмата на Владата, независно од изборниот процес. СОЗР распишува набавка во одреден момент кога ќе се достигне планираната километража – истакна Битиќи одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Галафарм“.

СОЗР овој пат бара целосно нови 45 дизел возила (лимузини) од минимум 2.000 метри кубни моторна зафатнина. Отворањето на понудите ќе биде по електронски пат на 27 март. Понудата нема да биде прифатлива доколку има „невообичаено ниска цена“.

По истекот на тригодишниот договор, операторот ќе си ги врати за себе автомобилите, но во текот на тригодишниот договор ќе биде должен да обезбедува сервис, осигурување, регистрација, промена на пневматици, зелен картон, пренос на дефектно возило за репрезентативните автомобили.

Во претходниот тригодишен циклус, Владата набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило, според договорот, изнесуваше 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнуваше околу 40 илјади евра. И овој пат е предвидена километража од 120.000 километри за тригодишниот период по возило.
Владата, односно Службата за општи и заеднички работи ќе има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизинг да плаќа по поминат километар за секое возило.

Од Владaта оценија дека оперативниот лизинг е најповолното решение и дека така ќе се заштеди затоа што операторот постојано ќе обезбедува сервис и министрите нема да останат без возило во случај на дефект на тоа што им е задолжено.

Би можело да ве интересира

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Влада донесе одлука: Вработувања на 600 специјализанти, разрешен е директорот на „Шутка“, на негово место е именуван Бобан Утковски

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

Предложени замениците министри

Владата го укина заклучокот за исплата на 252 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски