Во Велес се одржува 11. „Вигор Бармен Куп“

Од:

Во ресторанот и базен „Глориус“ над велешко езеро „Младост“ вчера и денеска се одржува 11-от по ред „Вигор Бармен Куп“, најстарото и најголемо коктел натпреварување во земјава, чиј организатор е „Бадел 1862“ од Скопје.

Во категоријата „Класика“ се натпреваруваа 13 пријавени бармени од цела Македонија, а кои ги оценува жири комисија составена од еминентни експерти од Хрватска, како и претставници на „Бадел 1862“ од Загреб. Купот завршува денеска кога ќе бидат доделени и награди на најдобрите бармени од земјава.

Како што појаснува за МИА Андријана Павловска од маркетинг службата на „Бадел 1862“, жирито внимателно ги следат техниките на подготовка на коктелите и ги оценува.

– Освен начинот на подготовка, жирито ги оценува и бојата, вкусот и мирисот на секој коктел, што дополнително го прави натпреварувањето своевиден коктел-предизвик. Актуелен шампион во „класика“ е Даниел Новиќ од Охрид, победник на ланскиот „Вигор Бармен Куп“ што се одржа во кафе-барот „Куба Либре“ од Охрид.

Она што е посебно интересно за публиката е тоа што сите коктели кои ќе се направат за време на натпреварот може да бидат бесплатно дегустирани.

– Оваа година купот доаѓа во ново руво, кое е резултат на ребрендирањето на „Вигор“ вотка. Ова е единаесетто издание на „Вигор Бармен Куп“, кој прерасна во своевидна традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија, потенцира Павловска.

Би можело да ве интересира

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол

99 санкционирани возачи во Скопје, 28 под дејство на алкохол

Путин загрижен: Руски функционери се свртеа кон алкохол поради менување на текот на војната во Украина

А1он