Во услови на криза, луѓето почесто бараат добри вести

Од:

Уморни од негативните наслови, застрашувачките статистики и несигурноста околу корона-пандемијата, многумина низ цел свет се обидуваат да го подигнат своето расположение пребарувајќи само добри вести.

Така, деновиве страниците „специјализирани“ за оптимистички вести бележат голем пораст на посетителите. Интернет-списанието „Гуд њуз нетворк” е основано кон крајот на минатиот век. Според неговиот основач и уредник Гери Вајс-Корбли, порталот има трипати поголем промет во однос на периодот пред пандемијата, и сега има 10 милиони посетители.

– Луѓето ни праќаат содржини со позитивни, инспиративни работи што се случуваат во нивното соседство, град или држава и затоа има многубројни добри вести за споделување, вели Вајс-Корбли, потсетувајќи на слично зголемување на интересот по нападите во САД на 11 септември 2001 година и светската финансиска криза пред околу десетина години.

Пребарувањето на поимот „добри вести” на Гугл сега е петпати почесто отколку на почетокот на годината.

И други медиуми, како „Гардијан“, „Фокс“, „Хаф-пост“ и „Јаху“ имаат страници посветени на оптимистични вести. Интернет-страницата на Си-ен-ен, „Гуд стаф” (Добри нешта), покрената лани, од минатиот месец има 50 отсто повеќе претплатници.

Стјуарт Сорок – професор на Институтот за општествени истражувања при Универзитетот на Мичиген, вели дека иако луѓето обично бараат лоши вести, во криза тоа се менува. Тогаш луѓето се презаситуваат и сакаат вести коишто ќе ги оддалечат од проблемите, па бараат приказни со смешни содржини, за разни подвизи, нови откритија, за хероите на секојдневието…

И Ешли Мадиман – професорка на Универзитетот на Канзас, се сложува дека позитивните вести се еден вид бегство од проблемите и тешката состојба.

– Луѓето сакаат да видат решение или, како други луѓе се трудат да пронајдат решение, наместо да се караат. Таквите вести им се попривлечни, вели таа.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ