Ноќните надзорни камери во еден Национален парк во источен Тајланд снимиле двојка индокинески тигари со најмалку шест младенчиња.
– Досега мислевме дека во цел Тајланд живее само едно семејство на овој вид животни со младенчиња, соопшти Друштвото за заштита на дивите мачки „Фриланд“.
Индокинеските тигри спаѓаат во групата загрозени животински видови, чија бројност во целиот свет моментно е помала од 250 единки.
– Ова е вистинско чудо, изјави претставникот на друштвото „Пантери“, Џон Гудрич за Би-Би-Си.
На индокинеските тигри им се заканува изумирање, поради ловот и уништување на нивните природни живеалишта од страна на луѓето.
Тајланд во последните години ги зајакна казните за илегалните ловци, што се смета и за главна причин за забележаното ново размножување на индокинеските тигри.
Поради намалувањето на џунглата индокинеските тигри веќе изумреа во Камбоџа, Лаос и Виетнам, а истата судбина може да им се случи и во источниот дел на Мјанмар.