Невообичаена појава има во едно село на северна Индија – од 600 жители од нив дури 108 се еднојајчани близнаци.
Локалните жители од индиското село, во кое има дури 108 еднојајчани близнаци, тврдат дека феноменот се појавил во последните три децении, а бројката расте од година во година.
Децата се толку слични што дури ни родителите не можат да ги распознаат, а не помага ни тоа што често имаат слични имиња.
Експерти од целиот свет доаѓале во селото за да ги откријат причините за овој единствен феномен.