Питер Брајтер (41) е необичен банкар. За него не се важни големите бонуси, компликуваните финансиски инструменти и мултимилионските понуди.
Тој е среќен, бидејќи како единствен работник во малата банка врши трансакции за 500-те жители на малото германско село Гамесфилд. Рајфајзен Гамесфилд, кооперативна банка во јужна Германија, е една од десете најмали банки во таа земја, гледајќи според депозитите и еднинствена која има само еден вработен. Покрај тоа, важи за најмала банка во светот. Малите банки како оваа, не се реткост во малите заедници во Германија, кои нудат ограничени кредити на локалните корисници.
Иако бројот на ваквите мали банки е многу намален во последните 40 години, денес ги има нешто повеќе од една илјада во Германија. Тие му овозможуваат на локалното население да ги извршуваат своите секојдневни трансакции и да земаат помали кредити без многу маки. Секако, нивната голема предност е брзината, а често не е потребна никаква реклама.
Брајтер вели дека оваа работа е многу забавна. Тој ги знае неговите клиенти по име и редовно им нуди совети од финансиска природа. – Луѓето би рекле дека оваа работа е досадна, меѓутоа, тоа кај мене не е случај, рече тој.
– Средната класа е крвотокот на Германија, а тоа се често нашите клиенти, велат економските експерти, кои појаснуваат дека малите банки се многу корисни, но и профитабилни. Брајтер додава дека економската криза направила банките преку ноќ да станат интересни и наведува дека има клиенти цела земја.- Знам дека една личност се јавуваше пет пати и бараше четири милиони евра кредит, но одбив дека не беше од Гамесфилд“.
Наведува дека неговата банка настојува исто така, да и помогне на заедницата во која делува, а не само да извлече профит. Жителите исто така се задоволни што во нивното место имаат банка и наведуваат дека таа често знае да им биде од помош во кризните времиња.