Кога станува збор за пиво, секој има сопствена мерка. Некои уживаат во половина литар, други сакаат помали чаши со популарниот пијалак од хмељ. За да ги прошири познавањата на љубителите на пивото, Lonely Planet спроведе истражување за тоа каде се продава најевтиното пиво во светот.
Истражувањето не би требало да ве збуни бидејќи пинтата (британската) е нешто повеќе од половина литар пиво (568 милилитри), така што резултатите се однесуваат на тоа колку чини приближно половина литар пиво во различни земји.
Така, доколку се најдете во кафуле во главниот град на Венецуела – Каракас, не мора да се грижите доколку нарачете една тура пиво за вашите пријатели. Имено, таму за малку повеќе од половина литар пиво ќе платите околу 0,58 евра, па ако сте излезени со друштво од 6-7 лица, тоа ќе ве чини само 4 евра.
Од друга страна, Дубаи е град каде што се точи најскапото пиво. Таму, просечната цена на пинта пиво изнесува 9,85 евра, па затоа во Дубаи тешко е да нарачете од овој популарен пијалак само за себе, а не,пак, за други.
Инаку, истражувањето било спроведено во 177 светски градови при што било констатирано дека пивото скапо ќе ве чини и во Доха (9,85 евра), Рејкјавик (8,50 евра) и Осло (8,1 евра).
Од друга страна покрај во Каракас, евтино пиво можете да пиете и во Ташкент (0,67 евра) и Лагос (0,72 евра), кои се втор и трет најевтин пивски град на планетата.
На листата се најде и Скопје со просечна цена од 1,57 евра на половина литар пиво, а ако сте заинтересирани и за други светски градови, списокот можете да го погледнете на следниот линк.