Во Јужна Кореја се повеќе луѓе живеат сами

Од:

Јонхап – Сеул

Џоен Чо, 40-годишна службеничка од Сеул, живее сама речиси две децении и навидум избегнувала да го преземе мачниот товар на семејни обврски, а истовремено континуирано да ја гради својата професионална кариера.

Денес, Чо чувствува потреба од партнер со кого ќе патува во странство, но таа сепак е задоволна од својот „неоптоварен“ животен стил, кој таа претпоставува дека ќе исчезне кога ќе се омажи – за што очигледен пример се бројни нејзини пријателки кои маневрираат меѓу работата и грижата за децата.

– Всушност, разочарувачки е кога гледам како моите мажени пријателки се оптоварени со предизвикувачката задача за одгледување на децата и кога некои од нив беа притиснати да ги напуштат работните места заради домашните обврски, рече Чо за новинската агенција Јонхап.

– Не дека сум решена засекогаш да останам сама, но среќна сум што можам да видам слободен живот во споредба со моите пријателки.

Чо е само една помеѓу се поголемиот број Јужнокорејци кои живеат сами и кои самите вољно или невољно избрале да живеат сами заради различни причини, вклучувајќи финансиски проблеми, развод или неочекувана смрт на сопружникот.

Според последните податоци кои ги објави Статистиката на Јужна Кореја, бројот на граѓани кои живеат сами достигна 5,2 милиони, или 27,2 проценти од севкупното население од 19,1 милиони – што е значителен пораст од деветте проценти кои беа забележани во 1990 година.

Според возраста, бројот оние на 30-годишна возраст изнесува 18,3 проценмти од вкупниот број на домаќинства на самци, во споредба со дваесетгодипниците (со 17,5 проценти) и над седумдесетгодишниците (со 17 проценти).

Помеѓу оние кои живеат сами во својата трета деценија во животот е и Џон Ким, која побара да користиме нејзино измислено име. Ким е службеник од Сувон, гратче јужно од Сеул, кој изнајмува куќа скоро десет години откако се иселил од домот на неговите родители и се запишал на универзитет.

За Ким, најдоброт дел од сободниот живот е што може да си избере свој начин и стил на живот и да го инвестира своето време и пари целосно само за него.

– Не мора да се менувате себеси заради желбите на другите, вели тој. „Можете да пушите кога и каде сакате, да спиете кога било и да си ги трошите парите како сакате. Накратко, слободни сте да правите сободни избори во секој момент“.

Но ваквиот слободен животен стил си носи и свои негативности.
-Па, ако останете сам, најсилниот ефект е што со текот на времето и одвреме навреме ќе се чувствувате осамен, вели Ким. „Друга негативност е што немате на кого да се потпрете ако нешто лошо ви се случи, на пример, ако се разболите“.

Постојаниот раст на едночлени домаќинства доведе до пораст на ресторани, барови, кафеани па дури и електронски компании кои таргетираат таканаречени самци, односно оние кои или никогаш не влегле во брак, па ниту пак имале долготрајни врски.

Франшизата на локални ланец со ресторани Ланчестер ЕФендБИ ко. има 16 ресторани во Сеул и во други градови, кои се наменети да послужуваат самци. Во ресторанот именуван Сингл Босам (позната манџа со свинско), е опремен со специјално дизајнирана ресторанска опрема за подобро послужување на гости-самци.

-Во секој ресторан имаме долг шанк на кој секој гостин-самец може комотно да седи и јаде. Исто обезбедивме доволно место меѓу столиците за гостите да не бидат вознемирувани, вели Парк Геок-ук, потпретседател на Ланчестер ЕФендБИ.

– Обидувајќи се да држиме чекор со трендовите во индустријата за прехрана кои постојано се менуваат, се стремиме постојано да правиме нови менија, посебно за гостите-самци, додаде тој.

Се повеќе пабови исто се отвараат во Сеул чија цел се оние кои сакаат сами да пијат.

Пред две години, Ли Санг-хун го отворил пабот Атлантис во близина на Универзитетот Хонгик, во центарот на Сеул, каде им продава кафе, пива и други алкохолни пијалоци на соло муштерии.

Како ресторанот Сингл Босам, и Ли поставил долг шанк во еден агол од пабот преку кој тој може да разговара со нив, и да пијат во опуштена атмосфера. Таму исто има џубокси, таблет компјутери со интернет врска, и други направи кои им помагаат на муштериите да ја надминат здодевноста.

-Такакажано, го дизајнирав ентериерот на пабот за да овозможат моите муштерии да не се чуствуваат нелагодно, дури и кога доаѓаат тука сами, вели Ли. „Се обидувам да им бидам пријател и да создадам атмосфера која луѓето ќе ја чуствуваат како домашна“.

Профитирајќи на едночлените домаќинства, и Донгбу Даеву електроникс корп. работи на создавање на широк асортиман на мали домашни апарти, вклучувајќи фрижидери, машини за перење и микробранови печки.

– Со огледа на порастот на таканаречените самци кои опстојуваат базирајќи се на својата економска моќ, пазарот на апарати за домаќинство за едночлени домаќинства постојано се шири, ни рече Гвон Дае-хун, портпаролот на компанијата.

– Нашата компанија работи на ширење на листата на мини електронски апарати кои можат да се користат во мали домови и се модерно дијазнирани за да им се допаднат на малдите генерации, додаде тој.

За бизнисмените, самците се нова комерцијална шанса. Но за некои академски кругови, самците се голем извор за загриженост заради тоа што тие силно придонесуваат за големите демографски промени во земјата, посебно затоа што се поврзани со ниската стабилност на плодност. Стапката на плодност во земјата од достигна 1,2 по најниското ниво од 1,08 во 2005 година.

– Младите полнолетни лица кои не сакаат да влегуваат во брак директно влијаат на стапката на плодност во земјата, а тоа претставува голем социјален проблем, рече Ли Санг-лим, асистент истражувач во државниот Корејски институт за здравје и социјални работи.

-На долг рок, овие самци ќе станат возрасни граѓани кои живеат сами, што може да доведе до пораст на трошоците за социјалната помош која ќе им биде потребна, додаде тој.

Академиците предупредуваат дека младите полнолетни избираат да одложат, дури и да се откажат од плановите за брак заради се повисоките трошоци за доаѓање до сопствен дом, на несопривата невработеност, но и заради други причини, и истакна дека земјата мора да создаде издржливи, долготрајни политики за да се намалат грижите поврзани со влегување во брак.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски