Близу индонезиските источни брегови беше пронајден мртов кит, кој во стомакот имал 115 пластични чаши, две пластични влечки, четрири шишиња, 25 ќеси и многу други пластични предмети.
– Трупот на китот е долг 9,5 метри и бил пронајден во водите на островот Вакатоби во провинцијата Сулавези, изјави директорот на Националниот парк Вакатоби, Хери Сантозо.
Причината за смртта не е позната, но телото веднаш беше погребано, оти било во поодмината фаза на распаѓање.