Во демократиите мажите се повисоки

Од:

Мажите кои растат во демократија веројатно ќе бидат повисоки од тие кои растеле во комунизам, стои во новото истражување на лондонскиот факултет за економски и политички науки LSE.

Врската меѓу демократијата и благосостојбата е поврзана со поквалитетната прехрана, поголемите приходи и живот ослободен од општествени и политички пранги.

Во истражувањето на чешките и словачките граѓани по падот на комунистичкиот режим во 1989 година, политичкиот економист од LSE Џон Коста-и-Фонт и неговата колешка Лусиа Косарова најдоа јасна разлика во висината меѓу двата режима.

Словаците родени во демократија во просек се за 1,5 сантиметри повисоки од сонародниците родени во комунизмот. Во просек добивале 0,28 сантиметри во висина во секоја година од демократијата. Чесите пак, растеле 0,14 сантиметри по година на демократија, пренесува Хина.

Необично е тоа дека од крајот на комунизмот се промени само висината на мажите. Женската става останала иста и во Словачка и во Чешка. Веројатно тоа е одраз на тоа што животот не им се променил многу во демократското општество.

Новата студија ги потврдува претходните истражувања спроведени во Германија по падот на Берлинскиот ѕид. Западните Германци биле повисоки од Источните Германци за 1 сантиметар, рече Коста-и-Фонт додавајќи дека таа разлика настанала по изградбата на Ѕидот, а по падот висината се урамнотежила меѓу мажите.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ