Се доближува „Октоберфест“, најголемиот фестивал на пивото во светот, па токму заради него германската авиокомпанија „Луфтханса“ сака на своите патници да им го овозможи првиот допир со фестивалот веќе на височини од седум километри над земјата.
Од 18 септември „Луфтханса“ на своите линии што водат кон Минхен своите стјуардеси ќе ги облече во традиционалната носија што ги вклучува и популарните ледерхозни.
На тој начин, патниците кои на „Октоберфест“ патуваат од Њујорк, Чикаго и Токио првиот допир со фестивалот на пивото ќе го имаат веднаш по влегувањето во авионот. Ова не е првпат „Луфтханса“ своите патници да ги „почести“ со „Октоберфест екипаж“, што се покажа многу успешно во текот на изминатите години.
Униформите „Октоберфест“ посебно се изработени по мерка на „Луфтханса“, а се состојат од бојата на авиокомпанијата, кралско сина, жолта и бела.