Високите температури предизвикуваат стрес и кај животните

Од:

Високите температури кои се забележани во Европа изминативе неколку дена претставуваат сериозен стрес и за животните, па затоа експертите апелираат да им се обезбеди ладовина и доволно количество вода.

Животните во природата ќе најдат засолниште од Сонцето и начин да се разладат, но се аперлира оние кои работат на полињата да не се изложуваат на напор, а на оние кои се во затворен простор потребно да им се посвети повеќе внимание.

Ветеринарот од Сараево, Самир Ризво за Фена изјави дека високите температури кај животните делуваат исто како и кај луѓето, нагласувајќи дека зголемените телесни температури особено се опасни за кучињата.

Ризво вели дека доволни се пет минути на силно сонце за кучињата да доживеат топлотен удар, имајќи пред вид дека немаат потни жлезди и се разладуваат само до дишење.

– Во затворен автомобил би му требало и помалку од пет минути, додава тој.

Ризво, исто така, нагласува дека животните треба да се заштитат од паразити кои можат да ги заразат од разни болести.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он