ВИДЕО: „Зомби“ ракуни ги преплашиле жителите на американскиот град Јангстоун

Од:

Властите во американскиот град Јангстоун регистрирале десетици телефонски повици во последните неколку недели од страна на луѓе кои биле преплашени од ракуни, кои „се движеле како зомби во среде бел ден и ’ржеле“.

Роберт Когештал излегол на прошетка со своите кучиња, кога одеднаш тргнал ракун кон него. Тој веднаш ги вратил кучињата дома и го фотографирал бесното животно.

– Одеше на задните нозе. Никогаш не сум видел ракун тоа да го прави и да ги покажува забите, а потоа само падна наназад во коматозна состојба, раскажува Когештал.

Вкупно 14 ракуни се еутаназирани, а причина за тоа „зомби“ однесување е вирусот Canine Distemper, кој влијае на респираторните патишта, нервниот систем, предизвикува неконтролирано тресење и напади, но и недостаток на страв кон луѓето.

– Ракуните можат да им пренесат беснило и парвовирус на домашните животни и на луѓето. Затоа треба да се избегнува ракун кој е активен дење и без страв им приоѓа на луѓето и збунето се однесува, се наведува во предупредувањето од експерти.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он