ВИДЕО: Злато што се јаде хит во Дубаи – еден хотел годишно троши околу 700 грама злато за храна и пијалоци

Од:

Еден од најпрестижните хотели во Дубаи, Бурж Ал Араб е украсен со 1.780 квадратни метри 24 каратно злато, а најнов хит е злато што се јаде. Во хотелот се служат разни пијалоци, како капучино или коктел со злато.

Според Си-Ен-Ен, златото нема никаков вкус, но и покрај тоа клиентите на хотелот го нарачуваат.

– Златото е синоним за луксуз, објаснува Етијен Харо, асистен менаџер за храна и пијалоци во хотелот.

A post shared by Burj Al Arab (@burjalarab) on

Хотелот за своите златни специјалитети троши околу 700 грама злато годишно, кое го набавуваат од Италија и Индија. Обично се конзумира во форма на златен лист, зрно или лушпи. Тоа нема никаков вкус и е безедно за конзумирање.

– Дијамантите не се џвакаат, па затоа златото е подобар избор за коктели, се шегува Харо.

На менито во хотелот може да се најде бела чоколада со злато, посебна врска на мелен т.н. златен прав кој се става на храна или котели, златни коцки шеќер за разни коктели и златен декоративен спреј. Најпознатиот коктел, Елемент 79, наречен по атомскиот број на златото, се состои од безалкохолно вино со лушпи од злато, бои мешани со чисто злато и златен шеќер.

A post shared by Cilla Maria (@cillamaria8) on

Освен што на гостите им се покажува како е убаво да живеат на висока нога со чаша шампањ со злато, со коктелите се осликуваат и делови на Дубаи, стариот, новиот и идниниот Дубаи. Златната храна и пијалоци се полн погодок, па така во хотелот добиваат се почести нарачки за специјалитети. Редовен гостин секој месец нарачувал торта прекриена со злато и напревена по посебен рецепт. За една автомобилска компанија направила торта од сирење во облик на крофна со злато, но за некои барања сепак повлекуваат линија.

A post shared by Burj Al Arab (@burjalarab) on

– Еден наш гостин константно бара да му го креираме најскапиот коктел на светот и на тој коктел да го ставиме неговото име, изјави Харо и додава дека го одбиле тоа барање.

Барбара Сантич, професор за прехрамбени студии на факутет во Австралија смета дека употребата на злато во гастрономијата нема некоја голема важност. Според неа кога тоа е дискретно употребено може да биде убаво, но доколку сите јадења доаѓаат со злато, тоа би било премногу.

Во хотелот Мериот во Дубаи, златото може да се послужи како прилог за секое јадење, па така во облик на листови или лушпи може да се стави на хамбургер, пица или на салата.

Сепак, најскапата пица со злато може да се најде во „Индустри кичен“ во Њујорк. Таа треба да биде нарачана 2 дена порано и чини 2.000 долари.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он

Девојка од Бијелина загина во Дубаи откако падна од 24 кат

ВИДЕО: Во Џеда продолжи изградбата на највисоката кула во светот, ќе биде 1.000 метри

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски