Пријателски подготвителен меч меѓу екипата Ботев и АЕЛ од Лимасол во близина на Софија беше прекинат од многу необични причини – бик влезе во теренот и полека се прошета по него.
Освен бикот, на теренот подоцна се најде и куче, а од аголот „демнеја“ овци и свињи.
Занимлив беше и освртот на бугарскиот ТВ коментатор на оваа појава кој рече дека „тоа го има само во Бугарија“, но многумина на социјалните мрежи искоментираа дека „тоа го има само на Балканот“.